Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го отворите долниот поклопец на сечилото за пила (44).

  • Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
  • Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Електричниот алат навалете го на страна.
  • Отворете ја подната решетка (31) (види слика a).
  • Полека извлечете ги јазичињата (45) на поклопецот на сечилото за пила и отворете го долниот поклопец на сечилото за пилата (44).
  • Отстранете ги искршените делови од делот што се обработува и струготините.
  • Затворете го повтроно долниот поклопец на сечило за пила (44), сѐ додека јазичињата (45) не се вклопат.
  • Затворете ја подната решетка (31).
  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.

  • Цревото за всисување прикачете го цврсто во соодветниот адаптер за всисување (29).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.