Начини на работа

Подесување на аголот на закосување (види слика D)

Основната плоча (7) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.

Заштитата од кинење (15) не може да се примени за сечење под агол.

Поместување на основната плоча (види слика E)

За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (7).

Одвртете ја целосно завртката (16) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4). Извадете ја завртката заедно со профилната лајсна (18).

Подигнете ја основната плоча (7). Поместете ја основната плоча кон струјниот кабел, така што отворот за завртување за сечење близу раб (22) да биде над дупката со навој во куќиштето на електричниот алат. Запците за позиционирање (19) мора истовремено да се вклопат во отворот (20) на основната плоча. Ставете ја завртката (16) со профилната лајсна (18) во дупката со навој и затегнете ја завртката.

Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се користат и паралелниот граничник со кружен секач (25) (опрема) и заштитата од кинење (15).