Дополнителна рачка (види слика A)

Дополнителната рачка (10) може да ја подесите во 12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.

Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (10) во правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната рачка (10) нанапред, додека не се навали во соодветната позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната рачка (10) наназад и свртете го долниот дел на рачката во правец на вртење ➋ и затегнете го.

Подесување на длабочина на дупчење

Со граничникот за длабочина (7) може да се утврди длабочината на дупчење X.

Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на граничникот за длабочина (9) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (10).

Извлечете го граничникот за длабочина (7) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (7) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за подесување на граничникот за длабочина (9).