Вметнување/замена на сечилото за пилата

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со 1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.

Притиснете го SDS-лостот (4) нанапред и водете го сечилото за пилата (1) зад стезната плоча (11) во прифатот за сечило за пила (3). Отпуштете го SDS-лостот (4).

  • Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.

За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.

  • Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на пила, постои опасност од повреда.

Притиснете го SDS-лостот (4) нанапред и извлечете го сечилото на пила (1). Отпуштете го SDS-лостот (4).