Поставки

Може да одредите со колкава точност ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле (1) како во „средина“.

Актуелната поставка на приказот на средишната линија може да се види на приказот за точност на приемот (c).

За да се промени точноста на приемот, притискајте на копчето за подесување Точност на приемот (18) додека на екранот се прикаже посакуваната поставка. Со секое притискање на копчето за подесување Точност на прием на кратко се појавува соодветната вредност на точноста на приемот во приказот за текст (e).

Поставката за точност на приемот ќе се зачува при исклучувањето.

Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (1) се прикажува со сигнален тон.

Може да ја промените гласноста или да го исклучите сигналниот тон.

За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален тон (20), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а при исклучен сигнален тон се губи.

Независно од поставката за сигнален тон, се огласува краток низок тон при првото пресретнување на ласерскиот зрак со приемното поле (1) за потврдување.

Поставката на сигналниот тон ќе се зачува при исклучувањето на ласерскиот приемник.

Повикување на менито за подесување: Притиснете истовремено кратко на копчето X‑оска (16) и на копчето Y‑оска (15).

За промена на поставка во под-менито: Притиснете го копчето X-оска (16) или копчето Y-оска (15), за да менувате помеѓу поставките. Последната избрана поставка ќе се зачува автоматски кога ќе го напуштите менито.

Менување подмени: Кратко притиснете го копчето за режим CenterFind (17) за да одите во следното подмени.

Напуштање на менито за подесувањето: Притискајте го копчето за режим CenterFind (17), додека не се исклучи менито за подесување. Алтернативно, менито за подесување автоматски ќе се исклучи по околу 10 s по последното притискање на копчето.

Следниве подменија се достапни:

  • Мерни единици за приказ на релативна висина: При повикување на менито за мерни единици се појавува актуелната одбрана мерна единица во приказот за текст (e), достапните мерни единици може да се видат во приказот Мерна единица (d).
  • LED-прикази за насока (LED): Трите LED-прикази за насока (2), (4) како и (3) може да се сменат во осветленостa или да се исклучат. LED-светилките светат во избраната поставка.
  • Осветлување на екранот (LIT): Осветлувањето на екранот може да се вклучи (LED-светилката свети зелено) или да се исклучи (LED-светилката свети црвено).
  • Функција за зачувување на последниот прием (MEM): Приказот за насока, на кој ласерскиот зрак го напуштило полето за прием, може да биде вклучено (LED-светилката свети зелено) или исклучено (LED-светилката свети црвено).
  • Централни функции (CF/CL) (LR 65 G): Може да бирате помеѓу режимот CenterFind (CF) и режимот CenterLock (CL). Актуелниот режим се појавува на приказот за текст (e).

Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други поставки при исклучување на ласерскиот приемник ќе се зачуваат.