Совети при работењето

Водете ја завртката на битот за одвртувачот (1). Завртката се држи во место со магнетната сила на држење на универзалниот држач за битови (10). Цврсто притискајте го врвот на завртката врз материјалот што треба да се навртува, додека граничникот за длабочина што се повлекува (4) не лежи на делот што се обработува.

Вклучете го електричниот алат. Завртката ќе се завртува во делот што се обработува, додека не се постигне поставената длабочина. Спојката за погонот е отпуштена: прифатот на алатот не се врти повеќе. Контролирајте ја длабочината на завртување и ев. подесете ја.

Брзо поставување за длабочината на навртување (види слика C)

Со прилагодливата чаура (3) длабочината на навртување Y може претходно да се избере:
за олабавување на завртките лизгајте го граничникот за длабочина што се повлекува (4) во правецот на рачката (9) додека не слушнете да се вклопи.

Лизнете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) на левата страна кон нагоре и истовремено на десната страна кон надолу.

Вклучете го електричниот алат.

Држач за појас

Со држачот за појас (5) може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време.