Функции на поврзување

Системски барања

Мобилен уред (таблет, паметен телефон)

Android 6.0 (и понов)

iOS 11 (и понов)

За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред.

  • Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
    Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот AppStore.

Име на апликација

iOS/Android

Bosch Toolbox

  • Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity.
  • Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 на располагање ги имате следните функции на поврзување со Bosch Toolbox апликацијата за електричниот алат:

  • Регистрирање
  • Персонализација на режимот за работа Favorite (јачина и функционирање)
  • Поставки за алат (на пр. времетраење за всисување на прав, параметри за работното светло)
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации
  • Управување

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.

Симболот за паметен телефон (28) свети, ако електричниот алат има испратено информација (на пр. предупредување за температура) со помош на Bluetooth®-радио технологијата на краен уред.

  • Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy модул е опремен со далечински интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.

Напомена: капачето (15) може да се затвори само кога Bluetooth® Low Energy модулот и копчестата батерија се наоѓаат во електричниот алат.

  • За деактивирање на Bluetooth® Low Energy модулот свртете ја копчестата батерија или ставете изолација помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low Energy модул.
  • Затворете го капачето (15) за да спречите влегување нечистотија.