Совети при работењето

Со граничникот за длабочина (21) може да се утврди длабочината на дупчење X.

  • Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (19) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (20).
    Избраздениот дел на граничникот за длабочина (21) мора да покажува надолу.
  • Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
  • Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува, а приказот брзо исклучување  свети во црвена боја и работната светилка (18) трепка. При активирано брзо исклучување приказот статус (29) трепка црвено.

  • За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и одново притиснете го.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

  • Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.

  • Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.

За користење на битовите за одвртувач потребен ви е универзален држач (38) со SDS-plus-вратило за прифат (опрема).

  • Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
  • Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач.
  • Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување.
  • За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универзалниот држач (38) од прифатот за алат.

Со куките за закачување (13) може да го прицврстите електричниот алат на соодветниот уред за закачување.

  • Притиснете ја куката за закачување (13) кратко во насока на рачката (11), за да го олабавите заклучувањето. Куката за закачување автоматски се движи на задната страна.
  • Вртете ја куката за закачување на страна.
  • Проверете ја куката за закачување (13) да не е оштетена или деформирана.
    Не ја користете куката за закачување (13) доколку е оштетена, деформирана или не е добро прицврстена на електричниот уред.
  • Закачете го електричниот алат со куката за закачување (13) на стабилен уред за закачување.
    За да избегнете оштетување или повреди, уредот за закачување не смее да биде поставен над тротоарите или во непосредна близина на работни места.
    Куката за закачување треба да се користи за закачување на електричниот алат и за додатоците за монтажа.
  • Свртете ја куката за закачување (13) назад и притиснете ја малку нанапред и надолу во позиција за заклучување, кога работите со електричниот алат.
  • Никогаш не ја користете куката за закачување (13) за заштита од паѓање.
    Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од паѓање на куката за закачување.

Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат нема да падне, за тежината на системот треба да користите соодветен додаток за заштита од паѓање (40). Максимално дозволената должина на додатокот за заштита од паѓање изнесува 1,8 m. Почитувајте го дозволеното поле за прицврстување (39) на електричниот алат.

За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со анкер или користете го делот за заштита од паѓање со амортизација на пад.

При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање (40) почитувајте го соодветното упатство за работа.

  • Спротивните страни на делот за заштита од паѓање прикачете ги на стабилна конструкција (на пр. објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
    Делот за заштита од паѓање мора да може слободно да се движи и треба да биде прицврстен само на фиксна точка на спојување (41) и во дозволеното поле на прицврстување (39) на електричниот алат.
    Изберете ја фиксната точка на спојување (41) така што електричниот алат во случај на пад, ќе падне безбедно во безбедносната преграда, без притоа да се замота околу корисникот или да му наштети.
    Никогаш не ја користете куката за закачување (13) за заштита од паѓање.
    Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од паѓање на куката за закачување.
    Никогаш не користете додаток за заштита од паѓање на електричниот алат со монтирано всисување на прав GDE 18V-16 D или GDE 16 Plus.