Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од –48° до +48°, како и вертикални агли на закосување од –2° до +47°. Капацитетот на електричниот алат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и лесонит.

Електричниот алат не е одобрен за сечење на алуминиум или други обоени метали кога се користи како столна тркалезна пила.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.