Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (8) налево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) на десно до крај.

Дупчење и одвртување

Поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Дупчење“.

Ударно дупчење

Поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Ударно дупчење“.

Прекинувачот (4) ќе се вклопи и може да се активира и додека работи моторот.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за фиксирање (5).

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и потоа отпуштете го.

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (7) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.