Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)

Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.

USB-отворот за поврзување на USB-кабел (21) и контролната сијаличка за полнење може да ги најдете под поклопецот на USB-отворот (22) на литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема).

  1. Отворете го поклопецот на USB-отворот (22).
  2. Поврзете го USB-кабелот (21).
  3. За време на процесот на полнење, приказот за батерии може да отстапува од актуелната состојба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема).
  4. За време на полнењето, контролната сијаличка за полнење свети жолто.
  5. Доколку литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема) е целосно наполнет, контролната сијаличка за полнење свети зелено.
  6. Црвена контролна сијаличка за полнење сигнализира дека напонот на полнење или струјата за полнење се несоодветни.