Начини на работа

Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

  • Емитира едно хоризонтално ласерско ниво,
  • Емитира едно вертикално ласерско ниво,
  • Емитира две вертикални ласерски нивоа,
  • Емитира едно хоризонтално ласерско ниво како и две вертикални ласерски нивоа.

По вклучувањето, мерниот уред емитира хоризонтално ласерско ниво. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (7).

Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада.

Режим на приемник

За работење со ласерски приемник (29) мора – независно од избраниот начин на работа – да биде активиран режимот на приемник.

При активиран режим на приемник, ласерските линии трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се најде ласерскиот приемник (29).

За вклучување на режимот на приемник притиснете на копчето на ласерскиот приемник (5). Приказот за режим на приемникот (6) свети зелено.

За човечкото око видливоста на ласерските линии е намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За работење без ласерски приемник, исклучете го режимот на приемник со одново притискање на копчето Режим на приемникот (5). Приказот (6) се гаси.