Монтажа на поединечните делови

  • Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
  • Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
  • Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под блокот на моторот.

Следните елементи на уредот се прицврстени директно на куќиштето: неповратна блокада (7), прстенест клуч (35), кукаст клуч/вилушкаст клуч (36), аголен граничник (3), паралелен граничник (9), дополнителен паралелен граничник (47) со сет за прицврстување (48), заштитен поклопец (6), подвижна водечка летва (15), сечило за пила (28).

  • Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот, внимателно извадете го од депото за складирање.

Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Ев. извадете го додатокот за маса (8).
  • Свртете ја курблата (17) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото за пила (28) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за сечење.
  • Олабавете ја болцната (40) со прстенестиот клуч (35).
  • Вметнете го клинот за расцепување (27) и притиснете го надолу до крај.
  • Повторно затегнете ја болцната (40) со прстенестиот клуч (35).
  • Монтирајте го додатокот за маса (8).

  • Закачете го додатокот за маса (8) во задните отвори (41) на отворот за алатот.
  • Притиснете го додатокот за маса надолу.
  • Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи напред во отворот за алатот.

Во случај на повратен удар неповратната блокада (7) спречува алатот да се исфрли во правец на корисникот. Притоа острите запци на запченикот се фаќаат за површината на алатот и го задржуваат.

  • Притиснете го копчето за притискање (42) на неповратната блокада (7).
    Со тоа се повлекува болцната-водилка.
  • Ставете ја неповратната блокада (7) преку клинот за расцепување (27) и отпуштете го копчето за притискање (42).
  • Вметнете ја неповратната блокада во правец на заштитниот капак, додека болцната-водилка не се вклопи во задниот отвор горе на клинот за расцепување.
  • Проверете дали болцната-водилка е прицврстена за отворот и дали беспрекорно функционира неповратната блокада. Внимателно подигнете ги запчениците на неповратната блокада. При отпуштање затегнатите запченици мора да се движат надолу и да го допрат додатокот за маса.

Паралелниот граничник (9) може да се позиционира лево или десно од сечилото за пила.

  • Олабавете ја затезната дршка (43) на паралелниот граничник (9). На тој начин се растеретува V-водилката (44).
  • Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-водилката во водечкиот жлеб (45) на масата за сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на пила (46).
    Сега паралелниот граничник може да го поместувате по желба.
  • За фиксирање на паралелниот граничник притиснете на затезната дршка (43) надолу.

За сечење на тесни предмети и за сечење под вертикален агол на закосување мора да се монтира дополнителен паралелен граничник (47) на паралелниот граничник (9).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може да се монтира на левата или десната страна на паралелниот граничник (9).

За монтажа користете го сетот за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (48) (2 завртки за прицврстување, 2 пеперутка-навртки).

  • Вметнете ги завртките за прицврстување низ страничните отвори на паралелниот граничник (9).
  • Главите на завртките служат како водилка на дополнителниот паралелен граничник.
  • Поместете го дополнителниот паралелен граничник (47) над главите на завртките за прицврстување.
  • Затегнете ги завртките со помош на пеперутка-навртките.

  • Ставете ја шината (49) на аголниот граничник (3) во соодветните жлебови на водилката (5) на масата за сечење.

За подобро налегнување на долгите делови за обработка аголниот граничник може да се прошири низ профилната шина (50).

  • По потреба монтирајте ја профилната шина со помош на пеперутка навртките (51) на аголниот граничник.