Фиксна или флексибилна монтажа

Монтажа со подножје и заштита од превртување (види слики a1 − a3)

При монтажата користете ги сетовите за прицврстување „Подножје“ (37), „Заштита од превртување“ (38) и „Електричен алат“ (39)

  • Прицврстете го подножјето (14). Цврсто затегнете ги завртките.
  • Прицврстете ја заштитата од превртување (13) на подножјето.
  • Поставете го електричниот алат на подножјето така што заштитата од превртување ќе покажува наназад.
  • Прицврстете го електричниот алат на подножјето. За оваа цел се предвидени страничните дупки (31) на електричниот алат како и отворите на подножјето.

Монтажа без подножје (види слика b)