Замена на сечилото за пила (види слики k1k4)

Вадење на сечилото за пила

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Ставете го новото сечило за пила на приклучната прирабница (58) на вретеното на алатот.

Напомена: Не користете премали сечила за пила. Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.

  • Поставете ја стезната прирабница (55), подлошката (57) и завртката со внатрешна шестаголна глава (56).
  • Затегнете ја завртката со шестаголна глава (56) со прстенест клуч (35) во насока на стрелките на часовникот, додека со кукаст клуч (36) држите на стезната прирабница во обратната насока.
  • Повторно ставете го додатокот за маса (8).
  • Подигнете го заштитниот поклопец (6).