Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Носете маска за заштита од прав.

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 254 mm.

b Дебелината на клинот за разделување изнесува 2 mm.

c Стрелката за насока на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување.

d При менување на сечилото за пила внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,4 mm и дебелината на основното сечило да не е поголема од 1,8 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува.

Дебелината на клинот за разделување изнесува 2 mm.

Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 80 mm.

Лева страна:
Го покажува правецот на вртење на курблата за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на сечилото за пилата.

Десна страна:
Ја прикажува позицијата на лостот за блокада при фиксирање на сечилото за пила и при поставување на вертикалниот агол на закосување (подесливо сечило за пила).

По потреба намастете го електричниот алат на означените места.

Електричните алати од заштитната класа II се зајакнати и двојно изолирани.

Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви.