Одржување и чистење

Одржувајте ги назабената летва (26) и водечките површини на столбовите на дупчалката (20) секогаш чисти.

По завршување на работата исчистете го вретеното за дупчење (7). Повремено прскајте ги вретеното за дупчење и крунестата бургија (8) со средство за заштита од корозија.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Дополнително подесување на лизгачките водилки (види слика D)

Со текот на времето лизгачките водилки (34) може да се изабат и настанува слободен простор помеѓу лизгачките водилки и столбовите за дупчење. За да го отстраните овој слободен простор, мора да ги подесите лизгачките водилки.

Олабавете ги сите десет навртки со шестаголна глава (35) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm). На крај затегнете ги подеднакво навојните клинови (36), додека не се минимализира слободниот простор. Повторно затегнете ги навртките со шестаголна глава.

Замената на лизгачките водилки е потребна само доколку се изаби лизгачкиот слој (црвена боја). Ова се случува кога црвената боја избледела и на површина ќе излезе основниот материјал. Се препорачува замената да ја изврши овластена сервисна служба за електрични алати од Bosch.