Подготовка за работа

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за сечење може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжниот држач (21).

  • Олабавете ја завртката за затворање (13).
  • Извлечете го продолжниот држач (21) нанадвор до саканата должина.
  • За фиксирање на продолжниот држач повторно затегнете ја завртката за затворање (13).

При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја поместите подесливата гранична водилка (23).

  • Олабавете ја пеперутка-завртката (43).
  • Целосно извлечете ја граничната водилка (23) нанадвор.
  • Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (43).

По сечење на вертикалните агли на закосување, повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка (23) (олабавете ја пеперутка-завртката (43); поместете ја граничната водилка (23) целосно навнатре; повторно зетегнете ја пеперутка-завртката ).

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

  • Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (11) и (23).
  • Вметнете ја испорачаната столарската стега (22) во отворите предвидени за таа намена (35).
  • Олабавете ја пеперутка-завртката (44) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
  • Цврсто затегнете ја навојната прачка (45) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Олабавување на делот што се обработува

  • За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (45) во правец спротивен на стрелките на часовникот.