Подготовка за работа

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Флексибилниот систем за приклучување на основите на делот за обработка (9) ви овозможува различни опции за продолжување.

  • По потреба, приклучете ја основата на делот за обработка (9) во прифатите на електричниот алат или во прифатите на втората основа на делот за обработка.
  • Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
    За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.

При сечење на вертикални агли на закосување граничната водилка на склопување (16) мора да ја преклопите кон нанадвор.

  • Преклопете ја граничната водилка на склопување (16) кон нанадвор.

По сечење на вертикални агли на закосување, повторно назад преклопете ја граничната водилка на склопување (16).

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

Вертикално прицврстување

  • Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (8) и (16).
  • Вметнете ја испорачаната столарската стега (15) во отворите предвидени за таа намена (21).
  • Олабавете ја пеперутка-завртката (41) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
  • Цврсто затегнете ја навојната прачка (42) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Хоризонтално фиксирање

  • Одвртете ја пеперутка-завртката (43) и извлечете ја столарската стега.
  • Вметнете ја сега „намалената“ столарска стега (15) со запците (44) во отворите предвидени за таа намена .
  • Притиснете го делот што се обработува на масата за пила (10).
  • Цврсто затегнете ја навојната прачка (42) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Олабавување на делот што се обработува

  • За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (42) во правец спротивен на стрелките на часовникот.