Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.

Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.

Работното светло (15) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

GDS 18V-1000 C / GDS 18V-1050 HC:

Корисничкиот интерфејс (7) служи за претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Прикази за состојба

Прикажување на состојбата на електричниот алат (11)

Значење/Причина

Решение

Зелено

Статус OK

Жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Свети црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепка сино

Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат

Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (16) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (16), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (17). Избраната поставка е зачувана.

GDS 18V-1000 C / GDS 18V-1050 HC:

Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку апликацијата Bosch Toolbox.

Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Основна поставка за број на вртежи при степен

1

2

3

[min-1]

[min-1]

[min-1]

Број на степени на вртежи

3

0–1 100

0–2 300

0–3 400

Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (16) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

GDS 18V-1000 / GDS 18V-1050 H:

За вклучување одн. исклучување на работното светло (15) притиснете го копчето за работно светло (13).

  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

GDS 18V-1000 C / GDS 18V-1050 HC:

Електричниот алат располага со 2 претходно дефинирани работни режима A и B (12). Работните режими може дополнително преку апликацијата Bosch Toolbox под A и B (12) да ги програмирате за различни примени и постоечките режими да ги прилагодите.

За да менувате помеѓу работните режими A и B (12), притиснете го копчето (14).

За да излезете од режимите на работа, притиснете го копчето за предизбор на брзина (16).