Контрола на точноста на мерниот уред

Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Затоа поставете го мерниот уред што е можно поблиску на работната површина и со долната страна прицврстете го што е можно попаралелно со работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја аголната точност.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

За проверка, потребна Ви е слободна површина од околу 10 × 5 m на цврста рамна подлога.

  • Поставете го мерниот уред во еден од аглите на мерната површина. Вклучете го мерниот уред и израмнете го, така што ласерската линија од 0° ќе поминува по должина на долгата страна на мерната површина, а ласерската линија од 90° ќе поминува по должина на кратката страна на мерната површина.
  • Означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на подот (точка Ⅰ). Освен тоа означете ја средината на ласерската линија од 0° на 5 m оддалеченост (точка Ⅱ) и на 10 m оддалеченост (точка Ⅲ).
  • Поставете го мерниот алат (без да го вртите) на 5 m оддалеченост, така што точката на вкрстување на ласерските линии ќе ја погаѓа веќе означената точка Ⅱ и ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката Ⅲ. Означете ја средината на ласерската линија од 90° на 5 m оддалеченост (точка Ⅳ).
  • Свртете го мерниот уред за 90°, така што средината на ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката  Ⅳ. Точката на вкрстување на ласерските линии и понатаму мора да лежи на точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската линија од 90° на 5 m оддалеченост како точка Ⅴ што е можно поблиску покрај точката Ⅰ.
  • Разликата d меѓу двете точки Ⅴ и Ⅰ го дава фактичкото отстапување на ласерската линија од 0° и ласерската линија од 90° од правиот агол.

На мерната линија од 2 × 5 m = 10 m максималното дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,2 mm/m = ±2 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅴ смее да изнесува најмногу 2 mm.

За проверка, потребна Ви е слободна површина од околу 10 × 5 m на цврста рамна подлога.

  • Поставете го мерниот уред во еден од аглите на мерната површина. Вклучете го мерниот уред и израмнете го, така што ласерската линија од 0° ќе поминува по должина на долгата страна на мерната површина, а ласерската линија од 90° ќе поминува по должина на кратката страна на мерната површина.
  • Означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на подот (точка Ⅰ). Освен тоа означете ја средината на ласерската линија од 0° на 5 m оддалеченост (точка Ⅱ) и на 10 m оддалеченост (точка Ⅲ).
  • Поставете го мерниот алат (без да го вртите) на 5 m оддалеченост, така што точката на вкрстување на ласерските линии ќе ја погаѓа веќе означената точка Ⅱ и ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката  Ⅲ. Означете ја средината на ласерската линија од 45° на 5 m оддалеченост (точка Ⅳ).
  • Свртете го мерниот уред за 45°, така што средината на ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката  Ⅳ. Точката на вкрстување на ласерските линии и понатаму мора да лежи на точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅴ.
  • Свртете го мерниот уред за 45°, така што средината на ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката Ⅴ. Точката на вкрстување на ласерските линии и понатаму мора да лежи на точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅵ.
  • Свртете го мерниот уред за 45°, така што средината на ласерската линија од 0° ќе поминува низ точката Ⅵ. Точката на вкрстување на ласерските линии и понатаму мора да лежи на точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅶ што е можно поблиску покрај точката Ⅰ.
  • Разликата d меѓу двете точки Ⅰ и Ⅶ го дава фактичкото отстапување на ласерската линија од 0° и од 45°.

На мерната линија од 4 × 5 m = 20 m максималното дозволено отстапување изнесува:
20 m × ±0,4 mm/m* = ±8 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅶ смее да изнесува најмногу 8 mm.
* Вредноста ±0,4 mm/m се добива од аголната точност ±0,2 mm/m плус можна несигурност при вртење од 0,2 mm/m.