Ставање во употреба

За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „ On“ (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција „ On“ (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).

  • Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

  • Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Мерниот уред е заштитен од екстремно електростатско празнење (ESD). Ако мерниот уред се наполни електростатски (на пр. со допирање во средина со ниско ниво на влажност), тој автоматски се исклучува. Во овој случај, исклучете го и повторно вклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (16).

Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.

За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во позиција „Off“ и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (7) или на копчето Режим на приемник (5).

За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (7) (при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.

По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш активиран.

За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон притиснете истовремено на копчето за режим на работа на ласерот (7) и копчето за режим на приемник (5) и држете ги притиснати најмалку 3 s.

При активирањето и при деактивирањето се слушаат три кратки сигнални тонови за потврда.