Напојување со енергија на далечинскиот управувач

За работењето со далечинскиот управувач се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Вртете го механизмот за заклучување (37) на капакот од преградата за батерии (на пр. со монета) во позиција . Отворете го капакот од преградата за батерии  (39) и ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Затворете го капакот од преградата за батерии (39) и вртете го механизмот за заклучување (37) на капакот од преградата за батерии во позиција .

Напомена: Функцијата Bluetooth® останува активна, додека батериите се вметнати во далечинскиот управувач. За да спречите потрошувачка на енергија со оваа функција, можете да ги извадите батериите.