Контрола на точноста на мерниот уред

Следните интервенции може да се вршат само од страна на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде позната регуларноста при вршење на проверка на точноста или калибрација на мерниот уред.

Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Доколку мерниот уред го надмине максималното отстапување при подолу опишаните мерни циклуси, извршете калибрирање со види Калибрирање на мерниот уред или оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch.

За веродостоен и точен резултат се препорачува проверката на точноста на нивелирање да се изведе на слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.

  • Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба 30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
  • По завршување на нивелирањето означете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка Ⅰ).
  • Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Оставете го да се нивелира и обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка Ⅱ). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи вертикално над одн. под точката Ⅰ.

Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.

На мерната линија од 30 m максималното дозволено отстапување изнесува ±1,5 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да изнесува најмногу 3 mm.

За проверка потребна е една слободна мерна линија на цврста подлога пред 10 m висок ѕид. Прицврстете еден висулец на ѕидот.

  • Поставете го мерниот уред во вертикална положба на цврста рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
  • Израмнете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе дојде точно во средина на горниот крај на висулецот. Разликата d помеѓу ласерскиот зрак и висулецот на долниот крај на висулецот го дава отстапувањето на мерниот уред од вертикалата.

При 10 m висока мерна линија, максималното дозволено отстапување изнесува ±1 mm. Според тоа, разликата d смее да изнесува најмногу 1 mm.