Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.

  • Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.

Избришете го садот (1) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба.

Вадење/замена на филтерот (види слики G1G2)

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер .

  • Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
  • Свртете го држачот за филтер (27) до крај во правецот на вртење  и извадете го држачот за филтер заедно со набраниот филтер (28) од горниот дел на всисувачот (6).
  • Извлечете го извалканиот/оштетениот набран филтер (28) од држачот за филтер (27).
  • Исчеткајте ги ламелите на набраниот филтер (28) со мека четка.
    или
    Заменете го оштетениот набран филтер (28).
  • Ставете го држачот за филтер (27) во на исчистениот/нов набран филтер (28).
  • Свртете го држачот за филтер (27) заедно со набраниот филтер (28) во горниот дел на всисувачот и свртете го држачот за филтер (27) до крај во правецот на вртење .
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).

Повремено исчистете ја пловката (29).

  • Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
  • Извадете го држачот за филтер (27) заедно со набраниот филтер (28) од горниот дел на всисувачот (6).
  • Извлечете го набраниот филтер (28) од држачот за филтер (27).
  • Измијте ја пловката (29) со вода.
  • Повторно вметнете го држачот за филтер (27) со набраниот филтер (28) во горниот дел на всисувачот (6).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).