Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

Непрекинатото светло на приказот за состојба на наполнетост (2) сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C) и затоа не може да се полни. Веднаш штом се постигне дозволениот температурен опсег, батеријата се полни.

Без вметната батерија непрекинатото светло на приказот за состојба на наполнетост (2), сигнализира дека мрежниот приклучок е приклучен на приклучницата и дека полначот е подготвен за работа.