Совети при работењето

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Дупчење“. Откако ќе ја продупчите плочката, поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“ и работете со удари.

При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка за цврст метал.

При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку Bosch програмата за опрема.

Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10 mm.