Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За отворање на поклопецот на преградата за батерии (7) притиснете на блокадата (8) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите.

Внимавајте на точноста на половите согласно надворешниот приказ на поклопецот на преградата на батерии.

Ако предупредувањето за батерија (5) трепка црвено, тогаш морате да ги промените батериите.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.