Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (25) и сите делови за монтирање.

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење.

Брусни плочи/брусни плочи за сечење

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на куќиштето).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи или дискови за сечење со помош на испорачаната приклучна прирабница (14) и затегнувачката навртка (21) одн. брзозатезната навртка (22) употребата на меѓуслоеви не е потребна.

За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење ставете ја приклучната прирабница со O-прстен (14) на вретеното за брусење (25) и завртете ја затезната навртка (21). Внимавајте на усогласувањето на затезната навртка (21) во зависност од употребената брусна плоча/диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од упатството за употреба), и затегнете ја со клучот со два отвори  види Брзозатезна навртка  .

Напомена за GWS 17-125 SB и GWS 17-125 PSB: Приклучната прирабница не треба да се монтира (14), бидејќи е веќе цврсто претходно составена.
За да се демонтира брусната плоча или дискот за сечење, потребен е зголемен вртежен момент на олабавување на затезната навртка (21).
Кога ја користите брзозатезната навртка (22)  види Брзозатезна навртка  не е потребен зголемен вртежен момент на олабавување.

Во приклучната прирабница (14) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (14) мора да се замени пред понатамошна употреба.

Напомена за GWS 17-125 SB и GWS 17-125 PSB: O-прстен е вметнат. Ако овој О-прстен недостасува, тој е оштетен или ако приклучната прирабница е целосно откачена од вретеното, мора да се замени од Bosch овластена сервисна служба.