Монтажа на поединечните делови

  • Заради олеснување на работата, при монтажата внимавајте на испорачаните елементи на уредот, бидејќи електричниот алат е во транспортна позиција.

Основата на делот за обработка (24) може да се позиционира лево, десно или напред на електричниот алат. Флексибилниот систем за приклучување ви овозможува различни опции за продолжување или проширување (види слика G).

  • По потреба, приклучете ја основата на делот за обработка (24) во прифатите (47) на електричниот алат или во прифатите (48) на втората основа на делот за обработка.
  • Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
    За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.

Тркалото за стегање (45) го фиксира поставениот вертикален агол на закосување и е потребен за безбедна работа.

  • Одвртете ја шестоаголната навртка од навојните болцни (49).
  • Завртете го тркалото за стегање (45) во правецот на стрелките на часовникот на навојните болцни (49) и затегнете го.

Подесливата гранична водилка (26) мора да се монтира пред сечењето.

  • Турнете ја граничната водилка (26) десно од сечилото за пила во соодветниот жлеб и затегнете ја завртката за блокада (44).
    Израмнетиот дел од граничната водилка мора да биде свртен навнатре кон сечилото на пилата.