Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (7).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
  • Прицврстете го делот за обработка.
  • Вклучете го ласерските зраци со прекинувачот (6) без да ја притискате блокадата при вклучување (5).

Ласерските зраци мора по целата должина од левата и десната страна да бидат на исто растојание од означената линија на сечење на делот за обработка, дури и кога кракот на алатот се поместува надолу.

  • Олабавете ги двете завртки (55) на заштитното капаче на ласерот (8) со клучот со внатрешна шестаголна глава/плоснатиот одвртувач (43) и отстранете го заштитното капаче на ласерот.

  • Олабавете ја завртката за прицврстување (56) (околу 1–2 вртења).
    Не ја одвртувајте целосно завртката.
  • Поместете го куќиштето на ласерот (57) налево или надесно, додека ласерските зраци, при движење надолу на рачката на алатот, повеќе не отстапуваат странично.
  • Држете го куќиштето на ласерот (57) во оваа позиција и повторно затегнете ги завртките за прицврстување (56).
  • Повторно прицврстете го заштитното капаче на ласерот (8).