Подготовка за работа

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (29).

  • Олабавете ja завртката за затворање (18).
  • Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (29) до саканата должина.
  • За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно затегнете ја завртката за затворање (18).

 

При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, мора да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја извадите левата или десната подеслива гранична водилка (2).

Евентуално монтирајте ја подесливата гранична водилка (2) по сечењето.

Вертикален опсег на аголот на закосување

–2° ... +40°

лево

  • Олабавете ја завртката за блокирање (38).
  • Целосно извлечете ја подесливата гранична водилка (2) нанадвор.

–2° ... +35°

десно

> 40°

лево

  • Олабавете ја завртката за блокирање (38).
  • Целосно извлечете ја подесливата гранична водилка (2) нанадвор.
  • Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре.

> 35°

десно

Хоризонтален опсег на аголот на закосување

> 45°

лево

  • Олабавете ја завртката за блокирање (38).
  • Целосно извлечете ја подесливата гранична водилка (2) нанадвор.

десно

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

  • Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (1) и (2).
  • Вметнете ја испорачаната столарската стега (40) во отворите предвидени за таа намена (31).
  • Олабавете ја пеперутка-завртката (52) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
  • Цврсто затегнете ја навојната прачка (51) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Олабавување на делот што се обработува

  • За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (51) во правец спротивен на стрелките на часовникот.