Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°. Рачката (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика U1)

  • Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (20).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (49).

Подесување (види слика U2)

  • Олабавете го затезниот лост (8).
  • Притиснете го граничникот (45) сосема наназад.
  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (64) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете го затезниот лост (8).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (64).

Доколку агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во линија со 0°-ознаките на скалата (4), олабавете ги завртките за подесување на агломерот со крстест одвртувач и израмнете го агломерот по должина на 0°-ознаките.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°. Лостот (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извадете ја левата подеслива гранична водилка (2).
  • Свртете го левиот граничник (3) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Олабавете го затезниот лост (8).
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (13) налево додека завртката-граничник (65) не налегне на граничникот (3).

Проверка (види слика V1)

  • Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за пила (20).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (49).

Подесување (види слика V2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (65) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник (65) навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете го затезниот лост (8).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (65).

Ако агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°. Лостот (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Извадете ја десната подеслива гранична водилка (2).
  • Извлечете го граничникот (45) целосно нанапред.
  • Свртете го десниот граничник (3) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
  • Олабавете го затезниот лост (8).
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (13) налево додека завртката-граничник (66) не налегне на граничникот (3).

Проверка (види слика W1)

  • Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за пила (20).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (49).

Подесување (види слика W2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (66) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор (66) додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете го затезниот лост (8).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (66).

Ако агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°. Рачката (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика X1)

  • Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (1) и сечилото за пила (49) на масата за пила (20).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (49).

Подесување (види слика X2)

  • Олабавете ги сите четири завртки за подесување (67) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (39) и свртете ја масата за пила (20) заедно со скалата (28), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ги завртките.

Доколку по подесувањето агломерот (26) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (28), олабавете ја завртката (68) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.