Вметнување/замена на сечилото за пилата

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.

За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за пила.

  • Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.

Евентуално извадете го заштитниот капак (28).

Повлечете го SDS-лостот (19) до крај кон нанапред и држете го таму. Вметнете го сечилото за пила (16) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (18).

Внимавајте при вметнувањето на сечилото за пила, тоа да поминува помеѓу запците на водилката на сечилото за пила (15).

  • Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.

За добар резултат од сечење, запците на водилката на сечилото за пила (15) колку што е можно поблиску да лежат на сечилото за пила (16), без да го заглавува сечилото за пила. За да го прилагодите растојанието до дебелината на сечилото за пила, можете да прилагодите еден забец на водилката за сечилото на пилата.

Поставете клучот со внатрешна шестаголна глава (26) во отворот за поставување (24) во основната плоча. Вртете го клучот со внатрешна шестаголна глава според ознаката покрај отворот за поставување (во правец на стрелките на часовникот: намалување на растојание; спротивно од стрелките на часовникот: зголемување на растојание). Проверете дали сечилото на пилата може да се движи слободно.

Повлечете го SDS-лостот (19) нанапред до крај и извадете го сечилото за пила (16).