Начини на работа

Подесување на осцилации

Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.

Со рачката за подесување (22) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.

Ниво 0

нема осцилации

Ниво I

мали осцилации

Ниво II

средни осцилации

Ниво III (МАX)

големи осцилации

Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:

Уред за оддувување на струготините

Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.

Вклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа со големи количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн., притиснете го прекинувачот (23) во позиција I.

Исклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа во метал како и приклучениот систем за всисување прав, притиснете го прекинувачот (23) во позиција 0.