Одржување и чистење

За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.

  • Избришете го садот (9) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба.

Отстранување/менување на набраниот филтер (види слика C)

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер .

  • Со монета или сл. свртете го затворачот на механизмот за заклучување (6) за 1/4-вртење во насока на стрелката и притиснете го механизмот за заклучување.
  • Расклопете го горниот дел на всисувачот (3) и држете го цврсто.
    Фатете го набраниот филтер (12) за држачите и извадете го нагоре.
  • Исчеткајте ги ламелите на набраниот филтер (12) со мека четка.
    или
    Заменете го оштетениот набран филтер (12).
  • Вметнете го новиот односно исчистениот набран филтер (12) и внимавајте добро да се фиксира.
  • Повторно склопете го горниот дел на всисувачот (3). Со мал притисок од горе, механизмот за заклучување повторно кликнува на место (6).

Чистење на филтерот за заштита на моторот (види слика C)

Филтерот за заштита на моторот во голема мера не бара одржување.

  • Периодично вадете го филтерот за заштита на моторот (13) и исплакнете го под чиста вода.
    Оставете го филтерот за заштита на моторот добро да се исуши пред да го вметнете.

Повремено исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (14).

  • Отворете ги затворачите (10) и извадете го горниот дел на всисувачот (3).
  • Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (14) со мека крпа.
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (3) и затворете ги затворачите (10).