Отстранување на пречки

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

  • Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот, приклучницата и сензорите за наполнетост (14).
  • Поставете го прекинувачот за избирање режим на работа (4) на ознаката „On“ односно вклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (5).

Турбината за всисување се исклучува.

  • Испразнете го садот (9).

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

  • Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди, по 5 секунди повторно вклучете.
  • Сензорите за нивото на наполнетост (14) како и нивниот меѓу-простор (14) исчистете ги со четка.

Се губи силата на всисување.

  • Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување, цревото за всисување (8) или набраниот филтер (12).
  • Заменете ја кесата за прав (11).
  • Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (3) и затворете ги капачињата (10).
  • Заменете го набраниот филтер (12).

Излегува прав при всисувањето

  • Проверете дали набраниот филтер (12) е правилно монтиран.
  • Заменете го набраниот филтер (12).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

  • Сензорите за нивото на наполнетост (14) како и нивниот меѓу-простор (14) исчистете ги со четка.

Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена не функционира автоматиката на исклучување.

  • Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.