Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на ротирачката платформа (16) или на стативот (21).

За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во позиција „ On“.

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските зраци не трепкаат повеќе.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските зраци почнуваат да трепкаат брзо.

Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии светат непрекинато.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Работа со осцилаторна блокада

За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во позиција „ On“. При работење со осцилаторна блокада, ласерските линии трепкаат непрекинато црвено во бавен такт.

При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските линии повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.