Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Монтирање/демонтирање на филтерот за прав

Целосно демонтирајте го користениот филтер за прав  со завртките според сликата . Монтирајте нов филтер за прав според сликата .

При монтирањето на филтерот за прав  користете ги само оригиналните завртки за да избегнете оштетување на електрониката.