Монтирање на заштитен уред

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Отворете го затезниот лост . Ставете ја заштитната хауба  со кодираниот заб  во кодираниот жлеб на вратот на вретеното сѐ додека сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и завртете ја заштитната хауба  во саканата позиција. Затворете го затезниот лост .

  • Поставете ја заштитната хауба  на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.

Може да ја промените затезната сила на затворачот на заштитната хауба  со олабавување или затегање на завртката за подесување . Внимавајте на цврстото лежиште на заштитната хауба  и редовно контролирајте го.

Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак  гарантираат дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара.

Поставете ја заштитната хауба на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба со завртката за фиксирање .

  • Поставете ја заштитната хауба на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.

  • При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење .
  • При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Заштитната хауба за сечење  се монтира како заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање  или заштитен капак за брусење со затезен лост .

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки се монтира како заштитна хауба за брусење .

  • Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка .

Навртете ја дополнителната рачка од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

  • Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.

  • За работење со гумен диск за брусење или со лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете .

Зацврстете ја заштитата за рацете со дополнителната рачка .