Ставање во употреба

Отворете го горниот поклопец (10) и ставете ја Micro-SD-картичката (20) до крај во слотот (11). Повторно затворете го горниот поклопец.

За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-исклучување (3). На екранот (9) накратко ќе се прикаже стартниот екран.

Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка.

За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).

Доколку не се притисне копче на камерата за проверка, таа автоматски се исклучува по истекот на поставеното времетраење (k).

За да ја осветлите сликата на камерата на екранот, може да ги вклучите светлата (15) на главата од камерата и да ја регулирате осветленоста.

Светлината може да се подеси во 4 степени (0 %, 25 %, 50 %, 100 %).

За да ги вклучите светлата на камерата (15) и да ја зголемите осветленоста притискајте на копчето Светло/Осветленост (7) додека не ја постигнете саканата осветленост.

  • Не погледнувајте директно во светлата (15) и не ги насочувајте истите кон други лица. Светлината на светлата може да ги заслепи очите.

За намалување на осветленоста и за исклучување на светлата на камерата (15) притискајте на копчето Светло/Осветленост (7) додека не ја постигнете саканата осветленост одн. не се исклучат светлата.

Со кратко притискање на копчето Зголемување (2) можете да ја зголемите сликата на екранот за 1,5 или 2 пати.

Со копчето Up is Up™ (5) свртете ја сликата, така што на горната страна на екранот ќе се прикаже горе.

Напомена: ограничена функција при монтирано огледало (25) и/или при вертикално израмнување на кабелот од камерата (13)

Со копчето за префрлање меѓу фото или видео режим (8) можете да префрлате фото или видео режим. Моментално поставениот режим на снимање (a) ќе се прикаже на статусната лента (b).

Со копчето Активатор за снимање на слики или видеа (6) сликате слика во соодветниот режим одн. стартувате и завршувате видео.

Со притискање на копчето (4) на копчињата (8)(7)(5) и (4) им се доделува друга функција (согласно приказот на екранот) (2. ниво). Користете ги овие копчиња согласно приказот на екранот.

Со кратко притискање на копчето (4) ќе се отвори Режимот на галерија. Со притискање на копчето (4) можете да ја видите сликата во полна големина и со притискање на копчето (6) да пуштите видео.

Со долго притискање на копчето (4) ќе се отвори режимот Поставки. Возможни се следните поставки:

  • репродукција на боја (црвена точка)/црно-бела репродукција (зелена точка) (h)
  • осветленост на екранот (i)
  • датум/Време (j)
  • Auto-Off-функција: Времетраење на неактивноста на камерата за проверка, по која истата се исклучува (k)
  • времетраење на осветленост на екранот (l)
  • зафатеност на меморијата/форматирање на Micro-SD-картичката (m)

Статусната лента (b) се отвора околу 2 s на екранот по секое притискање на копчињата. Таа ги покажува:

  • поставениот режим на снимање (a)
  • датум и време
  • поставено зголемување (c)
  • поставена осветленост (i)
  • состојбата на наполнетост на акумулаторските батерии/батериите (e)

Префрлањето на слики и видеа е возможно само доколку е ставена Micro-SD-картичката (20).

Камерата за проверка може да се поврзе со помош на Micro-USB-кабел (19) со компјутер, за да се префрлаат слики и видеа.

Напомена: USB-конекторот не може да се користи за поврзување со Apple-производи (на пр. MacBooks). Во овој случај преносот на податоци не функционира само преку Micro-USB-картичката.

Камерата за проверка на екранот покажува со една ознака дека е поврзана со компјутер.

На компјутерот камерата за проверка е прикажана како надворешен диск.

Акумулаторската батерија на камерата за проверка не може да се полни преку приклучокот (12).

Отворете го горниот поклопец (10) и ставете го правилно Micro-USB-кабелот (19) во приклучокот (12).

По преносот на податоци извадете го Micro-USB-кабелот и повторно затворете го горниот поклопец.