Употреба со соодветна намена

Ротационен ласер

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на точни хоризонтални висини, вертикални линии, линии за израмнување и ласерски точки.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Далечински управувач

Далечинскиот управувач е наменет за контрола на Bosch-ротациони ласери преку Bluetooth®.

Далечинскиот управувач е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.