Безбедносни напомени за всисувачи

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не всисувајте материјали штетни по здравјето, на пр. прав од буково или дабово дрво, камен, азбест. Овие материјали важат за канцерогени. Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во врска со постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот е наменет само за всисување на суви материи. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.