Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитен материјал и за груба обработка на метал, пластика и композитен материјал. Притоа, осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба види Употреба.

При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.

Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантска лончеста плоча.

Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 со помош на Bluetooth®-безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред.