Подготовка за мерење

Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво инфрацрвено топлинско зрачење оддава објектот во споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен на емисија ε = 1) и изнесува вредност помеѓу 0 и 1.

За одредување на температурата на површината, ќе се измери бесконтактно природното инфрацрвено топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот уред да се провери пред секое мерење и доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.

Претходно поставените степени на емисии во мерниот уред се стандардни вредности.

Може да изберете еден од претходно поставените степени на емисија или да ја внесете точната бројна вредност. Поставете го саканиот степен на емисија преку менито <Мерење> → <Степен на емисија> види Главно мени.

  • Точни мерења на температурата се можни доколку степенот на емисија и степенот на емисија на објектот се совпаѓаат.

Колку е понизок степенот на емисија, толку е повисоко влијанието на рефлетирачката температура на мерниот резултат. Затоа, секогаш прилагодете ја рефлектирачката температура при промена на степенот на емисија. Поставете ја рефлектирачката температура преку менито <Мерење> → <Рефл. темп.> види Главно мени.

Прикажаните температурни разлики што би требало да бидат претставени со мерниот уред, може да се припишат на различни температури и/или различни степени на емисија. При мошне различни степени на емисија, прикажаните температурни разлики може значително да отстапуваат од реалните.

Доколку повеќе мерни објекти од различен материјал одн. структура се наоѓаат во мерното подрачје, тогаш прикажаните температурни вредности се точни само кај објектот соодветен за поставениот степен на емисија. Кај сите други објекти (со други степени на емисија), прикажаните разлики во бои може да се користат како напомена за температурните односи.

Површините со јака рефлексија или сјајните површини (на пр. сјајни плочки или блескавите метали) можат многу да ги лажираат или нарушат прикажаните резултати. По потреба, облепете ја мерната површина со темна, мат леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина. Оставете ја лентата кратко да се темперира на површината.

При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот мерен агол, за да не се лажира резултатот поради рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти. На пример, при вертикални мерења од предната страна, рефлексијата на Вашата сопствена телесна топлина што ја зрачите може да го наруши мерењето. Кај рамна површина може да се прикажат контурите и температурата на Вашето тело (рефлектирачка вредност), кои не одговараат на фактичката температура на измерената површина (одредена одн. реална вредност на површината).

Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло или транспарентна пластика) не е возможно.

Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и посигурни доколку се подобри и постабилни мерните услови. Притоа, не се релевантни само силните температурни флуктуации на условите на животната средина, туку и силните флуктуации на температурите на измерените објекти може да ја нарушат точноста.

Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува поради чад, пареа/висока влажност на воздухот или правлив воздух.

Напомени за подобра точност на мерењето:

  • Одете колку што е можно поблиску до мерниот објект за да се минимизираат факторите на попречување меѓу Вас и мерната површина.
  • Пред мерењето проветрете ја внатрешноста, особено ако воздухот е загаден или има многу пареа. По проветрувањето оставете ја просторијата некое време да се истемперира, додека не се постигне вообичаената температура.

На десната страна на екранот се прикажува скалата (g). Вредностите на горниот и долниот крај се ориентираат според регистрираната максимална температура (f) одн. минимална (h) на термалната слика. За скалата се оценуваат 99,8 % вкупните пиксели. Доделувањето на боја на некоја температурна вредност на слика се врши со рамномерно распределување (линеарно).

Со помош на различните тонови на бои, температурите може да се доделат во рамките на овие две гранични вредности. Температура која е точно меѓу максималната и минималната вредност е на пример доделена на средниот опсег на бои на скалата.

За одредување на температурата на конкретно поле, движете го мерниот уред така што означувачот со температурниот приказ (k) ќе биде насочен кон саканата точка одн. поле. Во автоматската поставка постојано се распределува спектарот на бои на скалата на целото мерно поле во рамки на максималната одн. минималната температура (= рамномерно).

Мерниот уред ги покажува сите измерени температури на мерното поле во однос едни со други. Ако на некое поле, на пример со приказ во боја, со сино се прикаже топлината на палетата со бои, тоа значи дека сините делови припаѓаат на поладните мерни вредност на актуелното мерно поле. Сепак, овие области може да бидат во температурен опсег што може да доведе до повреди под одредени околности. Затоа, секогаш внимавајте на прикажаните температури на скалата одн. директно на означувачот.