Документирање на мерни резултати

Веднаш по вклучувањето мерниот уред веднаш започнува со мерењето и континуирано продолжува сѐ до исклучување.

За да зачувате слика, насочете ја камерата на саканиот мерен објект и притиснете на копчето Зачувај (11). Сликата се зачувува во внатрешната меморија на мерниот уред. Алтернативно, притиснете на копчето Мерење (17) (пауза). Мерењето се замрзнува и се прикажува на екранот. Ова Ви овозможува внимателно разгледување на сликата и дополнително прилагодување (на пр. палета на бои). Ако не сакате да ја зачувате замрзнатата слика, ресетирајте го мерниот режим со копчето Мерење (17). Ако сакате да ја зачувате сликата во внатрешната меморија на мерниот уред, притиснете на копчето Зачувај (11).

За повикување на зачувани термални слики постапете на следниот начин:

  • Притиснете го левото функциско копче (13). Сега на екранот се појавува последната зачувана фотографија.
  • За да менувате меѓу зачуваните термални слики, притиснете на копчињата со стрелка десно (8) или лево (12).

Со притискање на копчето со стрелка нагоре (5) сликаната термална слика се прикажува како целосна слика.

За бришење на одделни термални слики менувајте во приказот на галерија:

  • Притиснете на десното функциско копче (7) под ознаката за корпа за отпадоци.
  • Потврдете го процесот со левото функциско копче (13) или прекинете го процесот на бришење со притискање на десното функциско копче (7).

Во менито <Бришење> може одеднаш да ги избришете сите податоци, коишто се наоѓаат во внатрешната меморија. Притиснете го копчето Func (6) за повикување на мерните функции. Сега притиснете го десното функциско копче (7) и изберете <Уред> → <Бришење>. Притиснете на копчето со стрелка десно (8), за да дојдете до подменито. Потоа притиснете или на левото функциско копче (13), за да ги избришете сите датотеки или на десното функциско копче (7), за да го прекинете процесот.