Напојување со енергија

Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.

Работење со адаптер за батерии (отстранлив) (види слики A и B)

Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.

За вметнување на батериите ставете ја обвивката (21) на батерискиот адаптер во отворот за батерии (18). Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање (20) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се слушнете да се вклопи.

За вадење на батериите притиснете на копчињата за отклучување (19) на капачето за затворање (20) и повлечете го. Притоа внимавајте да не испаднат батериите. Држете го мерниот уред со отворот за акумулаторски батерии (18) насочен нагоре. Извадете ги батериите. За да ја извадите внатрешната обвивка (21) од отворот за акумулаторски батерии, фатете ја и извлечете ја со лесно притискање на страничниот ѕид од мерниот уред.

Напомена: Не користете алатка (на пример, одвртувач) за да ги отстраните батериите, инаку обвивката може да се скрши.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

Работење со батерија (види слика C)

Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот мерен уред може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.

За ставање на наполнетата батерија (23) вметнете ја во отворот за батерија (18), додека не слушнете да се вклопи и не налегне на рачката на мерниот уред.

За вадење на акумулаторска батерија (23) притиснете на копчињата за отклучување (19) и извлечете ја од отворот за акумулаторска батерија (18). Притоа не употребувајте сила.