Полнење на батеријата (опрема)

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач.

За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата за отклучување (10) и извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.

Внимавајте на напомените за отстранување.