Безбедносни напомени за батериски светилки

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Одржувајте минимално растојание на батериската светилка до сите осветлени површини и предмети. Ако нема доволно растојание, осветлените предмети може да се прегреат.

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.

Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.