Безбедносни напомени
- Не насочувајте го електричниот алат кон лица кои се наоѓаат во близина за време на работата. Алатот за вметнување може да излета и да предизвика сериозни повреди.
- Секогаш носете заштитен шлем и заштитни очила/штит за лице. Обичните очила или очилата за сонце не се заштитни очила.
- Проверете го алатот за вметнување дали е цврсто и безбедно поставен пред да започнете со работа.
- Внимавајте секогаш, да имате сигурна позиција. Бидете сигурни дека никој не е под вас кога го користите електричниот алат на повисока позиција на работење, на пример кога користите скала.
Не отворајте или затворајте ја главата за дупчење при вклучување на електричниот алат. Бургијата може да се излета, постои ризик од повреда.
![](../Images/png/10864981771__Web.png)
![](../Images/png/10948249099__Web.png)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
![](../Images/png/18014403954181643__Web.png)
![](../Images/png/9007199509447307__Web.png)
Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.
- Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не ставајте ги други отвори од телото. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.
- Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се регистрирани трговски марки и се сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален жиг/лого се извршува со Robert Bosch Power Tools GmbH лиценца.